КУРАТИЦА
Главна | | Регистрација | Пријвисе
 
ПЕТОК, 29 МАРТ 2024, 10:13
ДОБРЕДОЈДЕ гостин | RSS


СРЕЌЕН РОДЕНДЕН :
Meine IP
 
МЕНИ
РЕГИСТРАЦИЈА
ПРЕБАРУВАЊЕ


Meine IP
Главна » 2010 » МАЈ » 17 » КНИГА ЗА КУРАТИЦА
23:09
КНИГА ЗА КУРАТИЦА

 

Пишаните документи за една населба претставуваат трајна основа за жителите од таа населба и за поширокиот аудиториуљ читатели и проучувачи на населбите и населението, од каде што можат да се црпат драгоцени податоци за историјата, геог-рафијата, етнологијата, стопанството и други области, во завис-ност од соодветниот интерес. Монографијата, како што е оваа, останува траен документ за минатото и за сегашноста на ед-на населба, за сегашните и за идните генерации.

Тргнувајќи од ваквите претпоставки, месната заедница од селото Куратица, заедно со другите општествено-политички структури во селото, во почетокот на 1986 година, ја покрена иницијативата за издавање на една ваква книга, без некој посе-бен повод, едноставно поттикнати од желбата селото да има свој траен документ, врз кој натаму ќе ја доградува својата историја. Од тие причини се зафативме со издавање на една монографија за селото Куратица, се разбира во рамките на ограничените фи-нансиски средства што ни беа на распол,агање, зашто една кол-плетна монографија со уште повеќе податоци, факсимили од ав-тентични документи, фотографии и слично, бара доста повеќе финансиски средства и пообемна работа.

Секако не можеме да сметаме дека во трудов е се опфатено што претставува карактеристика на животот на селото Кура-тица. Но, сепак сметаме дека е создадена една добра основа за натамошни проучувања и за поголема заинтересираност на идните генерации, повеќе да се свртуваат кон својот роден крај и да гд откриваат неговото минато и сегашност.

Во оваа прилика сакам да се заблагодарам, пред се, на мес-ната заедница од Куратица што ми ја довери оваа не така лесна задача за првпат во јавноста да презентирам еден ваков труд за

селото, како и на другите институции и поединици кои ми по-могнаа да дојдам до што повистинити податоци, а се цитирани во книгава. Посебна благодарност им должам на моите рецензенти кои со своите стручни и добронамерни сугестии го дадоа својог" придонес во конечната физиономија на книгава.

Посети: 839 | Додадено од:: KURAJCA | Место: КУРАТИЦА | Оценка: 0.0/0
Вкупно коментари: 0
Само регистрирани корисници можат да додадат коментар
[ Регистрација | Пријвисе ]




КАЛЕНДАР
«  МАЈ 2010  »
непонвтосречетпетса
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031

АРХИВА
ПРАШАЊА
Оценете ја нашата веб страна
Вкупно одговори: 85


ДРУГАРИ
СТАТИСТИКА

вкупно присутни 1
гости: 1
корисник: 0
 
kuratica© 2024