КУРАТИЦА
Главна | | Регистрација | Пријвисе
 
ПЕТОК, 19 АПРИЛ 2024, 18:47
ДОБРЕДОЈДЕ гостин | RSS


СРЕЌЕН РОДЕНДЕН :
Meine IP
 
МЕНИ
РЕГИСТРАЦИЈА
ПРЕБАРУВАЊЕ


Meine IP
Главна » 2010 » ЈАНУАРИ » 20 » Куратица во карневалско лудило
12:35
Куратица во карневалско лудило
По 12 пат во охридското село Куратица се одржа Василичарскиот карневал на кој годинава продефилираа 64 поединечни и групни маски. За најдобра маска во категоријата возрасни беше прогласена поставката „Ослободувањето на братот Јохан", а награди уште освоија и маските „Шумските крадци", „Безвизен режим" и „Свадбата на Шехерзад и Онур".. Тука беа и лекарите кои лечат свински грип и уште многу други креативни маски. Во категоријата деца првото место го освои маската „Камено време", второто маската „Курајчка историја", а третото групната маска „Првите македонци во вселената". Наградниот фонд годинава изнесуваше 1000 евра. Василичарската атмосфера се загреваше со околу 200 литри ракија и еден тон вино. Според жителите на Куратица карневалот е стар исто колку што е старо и селото, а одредени непотврдени податоци говорат дека маскирањето во Куратица има традиција од далечната 1575 година. Манифестацијата во Куратица од година станува се помасовна, а целта е, како што велат организаторите, таа да прерасне во туристичка атракција.
Посети: 791 | Додадено од:: KURAJCA | Оценка: 0.0/0
Вкупно коментари: 0
Само регистрирани корисници можат да додадат коментар
[ Регистрација | Пријвисе ]




КАЛЕНДАР
«  ЈАНУАРИ 2010  »
непонвтосречетпетса
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31

АРХИВА
ПРАШАЊА
Оценете ја нашата веб страна
Вкупно одговори: 85


ДРУГАРИ
СТАТИСТИКА

вкупно присутни 1
гости: 1
корисник: 0
 
kuratica© 2024