КУРАТИЦА
Главна | | Регистрација | Пријвисе
 
ПЕТОК, 19 АПРИЛ 2024, 01:14
ДОБРЕДОЈДЕ гостин | RSS


СРЕЌЕН РОДЕНДЕН :
Meine IP
 
МЕНИ
РЕГИСТРАЦИЈА
ПРЕБАРУВАЊЕ


Meine IP
Главна » 2010 » ЈУЛИ » 21 » РЕАКЦИЈА ДО ЈП ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ
14:55
РЕАКЦИЈА ДО ЈП ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ

Предмет: Реакција на услугите и давачките на ЈП Охридски комуналец

 

До:     Градоначалник на Општина Охрид,

            ЈП – Охридски Комуналец,

            Односи со јавност на Општина Охрид,

            Печатени и електронски медиуми

 

 

 

Со новите сметки за подигање на отпадот, на жителите на селото Куратица им стигна "Честитка” од Директорот на јавното претпријатие. Дополнителна сума за Јавна чистота  во селото.

 

 

Почитуван Градоначалник,

почитуван " Директоре”,

 

заложбите на жителите на селото Куратица, децении наназад представуваат единствен  пример за нивните напори да се остане и опстане во услови кои доведоа 90 посто од макдонските села сосема да исчезнат, да згаснат. Голем број на жители на селото, иселеници, ентузијасти, минати и сегашни генерации ја носат заслугата што селото Куратица представува ЕДИНСТВЕНА ЖИВА РУРАЛНА НАСЕЛБА во исклучиво планински предел, на 1100 метри висина, со завидна водоводна, електрична, телекомуникациска и патна инфраструктура.

Големи заслуги во опстојувањето и развојот  на селото имале и имаат градоначалниците како први луѓе на Локалната самоуправа: Во некогашната Општина Косел како и сегашниот Градоначалник на Општина Охрид, Александар Петрески.

 

Согледувајки го проблемот со цврстиот отпад од селските домаќинства, со одлука на Советот на месната заедница пред три години во селото беше воведен ПРОЕКТ ЗА СОБИРАЊЕ, ПОДИГАЊЕ И ОДЛАГАЊЕ НА ОТПАДОТ ОД ДОМАЌИНСТВАТА – И ТОА БЕСПЛАТНО во траење од цели две години. Проектот беше воведен со цел драги Господине "Директор”, секој жител и посетител на селото ДА СТЕКНЕ НАВИКА ДЕКА  ЕКОЛОГИЈАТА И ЧИСТОТАТА  СЕ ОД ВИСОКО ЗНАЧЕЊЕ ЗА НАТАМОШНИОТ РАЗВОЈ.

Повторуваме: Целиот проект се изведуваше бесплатно со исклучително залагање на членовите на Советот на МЗ Куратица како и со разбирање на жителите на селотот, што представува единствен пример не само во Општина Охрид туку и во цела Република Македонија.

Следната фаза беше воведување на организирано подигање на отпадот од страна на ЈП Охридски Комуналец, со плаќање на надомест во ВИСИНА КОЈА ЌЕ ГИ ЗЕМЕ ВО ПРЕДВИД СИТЕ ФАКТОРИ НА ЕДНО ЕКСТРЕМНО РУРАЛНО ЕКОНОМСКИ НЕРАЗВИЕНО, ПЛАНИНСКО ПОДРАЧЈЕ, за секое селско домаќинство. Во договор со Вас г-дине "директоре” оваа услуга беше воведена пред повеќе од една година со тоа што КОНТЕЊЕРИТЕ ВО СЕЛОТО СЕ ПОДИГААТ СЕКОЈ ВТОР ПОНЕДЕЛНИК.

За Ваша информација, за информација на Градоначалникот на Општина Охрид како и целокупната јавност, ВЕ ИНФОРМИРАМЕ ДЕКА ОСВЕН ОВАА УСЛУГА ЈП ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ  ВО СЕЛОТО И ЗА СЕЛСКИТЕ ДОМАЌИНСТВА  НЕ ОБАВУВА НИТУ ЕДНА ДРУГА УСЛУГА КОЈА ШТО БИ БИЛА ПРЕДМЕТ НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ДАВАЧКИ А НАЈМАЛКУ "ЈАВНА ЧИСТОТА”.

 

За Ваша информација, на барање на Советот на МЗ да се расчистува локалниот пристапен пат од ВЕГЕТАЦИЈАТА, беше одговорено дека тоа се дополнителни услуги кои што треба да бидат фактурирани до локалната самоуправа.

 

Во интерес на вистината Ве молиме да одговорите на следното:

 

1.      Која е таа институција која што може и смее да наплаќа услуги кои не ги дава??

2.      Доколку е законска обврска, тогаш дали е законска обврска само собирање на парите на граѓаните или и извршувањето на услугата која се наплаќа??

3.      Г-дине Директоре, Ве молиме да ни наведите БАРЕМ ЕДНА (Е Д Н А ) услуга која ја вршите во селото или на територија на селото Куратица од категоријата на ЈАВНА  ЧИСТОТА ?? – можеби чистење на селските сокаци??, можеби селските речни корита??, можеби селските тротоари и тревници ?? или селското средсело ?? можеби ја уредувате вегетацијата ??

 

Во интерес на жителите на селото, кои што ревносно и неуморно докажуваат дека и во вакви услови и невремиња може да опстојува една селска, планинска заедница, ве молиме да ја преиспитате Вашата одлука за воведување на дополнителниот надомест.

 

Во спротивно, Советот на месната заедница ке донесе одлука со која од селските домаќинства ќе побара да ја игнорираат оваа ставка, се додека Вие не ги воведете услугите кои ги фактурирате.

 

Опстанале ова село и овие луѓе многу подолго од било која времена функција.

 

 

 

Со почит

 

Совет на МЗ Куратица

 

Претседател:

Г. Ангелоски

________________________

 

 

                                                                                                Куратица, 21 јули, 2010

Посети: 1050 | Додадено од:: KURAJCA | Место: КУРАТИЦА | Оценка: 0.0/0
Вкупно коментари: 0
Само регистрирани корисници можат да додадат коментар
[ Регистрација | Пријвисе ]




КАЛЕНДАР
«  ЈУЛИ 2010  »
непонвтосречетпетса
    123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

АРХИВА
ПРАШАЊА
Оценете ја нашата веб страна
Вкупно одговори: 85


ДРУГАРИ
СТАТИСТИКА

вкупно присутни 1
гости: 1
корисник: 0
 
kuratica© 2024