КУРАТИЦА
Главна | Регистрација | Пријвисе
 
НЕДЕЛА, 21 ОКТ. 2018, 21:54
ДОБРЕДОЈДЕ гостин | RSS


СРЕЌЕН РОДЕНДЕН :
Meine IP
 
МЕНИ
РЕГИСТРАЦИЈА
ПРЕБАРУВАЊЕ


Meine IP
Главна » 2010 » ЈУЛИ » 23 » РЕАКЦИЈА ДО ГОСПОДИНОТ АЛЧЕН
02:13
РЕАКЦИЈА ДО ГОСПОДИНОТ АЛЧЕН

РЕАКЦИЈАТА НА Г-динот САШО  АЛЧЕВ

 

Своево обраќање до Охридската јавност ќе го започнам со последниот пасус од Вашата реакција:

Г-дине Алчев,

НА ЕДЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МЕСНА ЗАЕДНИЦА ВО СЕЛОТО КУРАТИЦА НИКОГАШ, повторувам НИКОГАШ НЕ МУ Е СВОЈСТВЕНО И НЕ  МУ ПАЃА НА ПАМЕТ, НАПРОСТО НЕ Е ВО НЕГОВИОТ МЕНТАЛИТЕТ ДА МАНИПУЛИРА СО СВОИТЕ СОСЕЛАНИ ИЛИ БИЛО КОЈ ДРУГ ГРАЃАНИН. Така било од Памтивека, од востанието во Рашанец 1903 та, преку дочекот на Војводата Христо Узунов и неговата чета, до славната смрт на Војводата Аргир Маринчев во клисурата Грмешница (чиј гроб патем речено е заборавен од сите), па се до денес кога ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ НА МЕСНАТА ЗАЕДНИЦА ГО БИРААТ ДИРЕКТНО НЕГОВИТЕ СОСЕЛАНИ, за да ги решава нивните најнепосредни и најгорливи проблеми.

Нажалост Г-дине Алчев, МАНИПУЛИРАЊЕТО И ЛАГИТЕ СЕ СВОЈСТВА КОИ НАЈЧЕСТО ОДАТ ВО КОМБИНАЦИЈА СО ИМЕНУВАНИ  ФУНКЦИИ КАКО ШТО Е ВАШАТА. Толку за тоа.

Второ: Г-дине Алчев, НЕ МОЖЕТЕ ВАШЕТО ЛИЧНО "ИЗНЕНАДУВАЊЕ од мојата реакција да го сокривате зад поимот ЈП Комуналец, што само по себе е нелогично ЈАВНА ИНСТИТУЦИЈА ДА БИДЕ ИЗНЕНАДЕНА.

Трето: Претседател на месна заедница како што Ви кажав се избира со ЈАВНО И ДИРЕКТНО ГЛАСАЊЕ НА ЖИТЕЛИТЕ НА МЕСНАТА ЗАЕДНИЦА и тоа според еден единствен критериум: ДА БИДЕ ВО СОСТОЈБА ДА ГИ РЕШАВА НАЈЕЛЕМЕНТАРНИТЕ ПОТРЕБИ НА ЖИТЕЛИТЕ НА ЗАЕДНИЦАТА. Навредите од типот "елементарното непознавање на законите во РМ” се својствени само за ОНИЕ КОИ ТИЕ ЗАКОНИ ГИ "ПОЗНАВААТ” само од гледна точка на НАМЕТНУВАЊЕ НА НОВИ ДАВАЧКИ БЕЗ ПРИ ТОА ДА ГО СОГЛЕДААТ ДРУГИОТ КРАЈ НА СТАПОТ – ДАВАЊЕ НА УСЛУГИ ЗА НАМЕТНАТИТЕ ДАВАЧКИ.

Јас Г-дине Алчев сосема јасно Ве запрашав

Во интерес на вистината да одговорите на неколку прашања:

1.    Која е таа институција која што може и смее да наплаќа услуги кои не ги дава??
2.    Доколку е
законска обврска, тогаш дали е законска обврска само собирање на парите на граѓаните или и извршувањето на услугата која се наплаќа??
3.    Г-дине Директоре, Ве молиме да ни наведите БАРЕМ ЕДНА
(Е Д Н А ) услуга која ја вршите во селото или на територија на селото Куратица од категоријата на ЈАВНА  ЧИСТОТА ?? - можеби чистење на селските сокаци??, можеби селските речни корита??, можеби селските тротоари и тревници ?? или селското средсело ?? можеби ја уредувате вегетацијата ??

Исто така Г-дине Алчев, НЕМА ШТО ВИЕ МЕНЕ ДА МЕ УПАТУВАТЕ ДА БАРАМ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОН БИДЕЈКИ јас својата работа си ја вршам ВОЛОНТЕРСКИ И ОД ЉУБОВ КОН ОНА ШТО ГО РАБОТАМ. Ако некој тоа треба да го прави Г-дине Алчев, тоа СТЕ СЕКАКО ВИЕ КАКО  ИМЕНУВАН ИЛИ НАЗНАЧЕН ФУНКЦИОНЕР  ПЛАТЕН ОД ДАНОЦИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА ОВОЈ ГРАД И ОПШТИНА. Или да се менуваме со работните места Г-дине??

Четврто: Да не е смешно би било навистина трагично Г-дине Алчев, да се повикувате на СНЕГОТ И МРАЗОТ на локалниот пат до селото Куратица, на локалните канали и уште што ли не (на вештерки можеби ?) и заслугите за одржување на истите да си ги припишувате СЕБЕ СИ??            

За Ваша информација, во овој планински предел на Општината Охрид преку зима знае да наврне и до 1 метар снег, меѓутоа години наназад патниот правец не бил ниту еден ден затворен и секогаш бил НАВРЕМЕНО ЧИСТ МЕЃУТОА ТОА Е  ИСКЛУЧИВА  ЗАСЛУГА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ОХРИД АЛЕКСАНДАР ПЕТРЕСКИ А НЕ НА ВАС И ВАШАТА СЛУЖБА.    

За крај и покрај МОЕТО "НЕПОЗНАВАЊЕ” на нештата, КАКО Е МОЖНО ДА ТВРДИТЕ ДЕКА СИТЕ ОВИЕ АКТИВНОСТИ СЕ ФИНАНСИРААТ ОД ПАРИТЕ КОИ ПО ОВОЈ ОСНОВ ГИ СОБИРА ВАШЕТО ПРЕТПРИЈАТИЕ А ОД ДРУГА СТРАНА ЗА СЕКОЕ БАРАЊЕ ЗА ИНТЕРВЕНЦИЈА ДО ВАС КАЖУВАТЕ ДЕКА ТОА НЕ Е ВО ВАША НАДЛЕЖНОСТ И ДЕКА ТРЕБА ДА ДОБИЕТЕ НАЛОГ ОД ОПШТИНАТА ???  И ДЕКА ВИЕ ГИ СОБИРАТЕ ПАРИТЕ ОД ГРАЃАНИТЕ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА???

Можеби ние двајца "РАЗЛИЧНО”  НЕ   ГИ ПОЗНАВАМЕ РАБОТИТЕ ??  

Месната заедница е Г-дине Алчев основен облик на месната самоуправа, каде што граѓаните најнепосредно ги остваруваат своите права, потреби и секако обврски како што сосема исправно секогаш и секаде истакнува Градоначалникот на Општината, за чие што залагање и заложби секогаш сме благодарни и кој што СЕКОГАШ И ПРИ РЕШАВАЊЕ НА СЕКОЈ ПРОБЛЕМ ГО ЗЕМА ВО ПРЕДВИД ОНА ШТО ЈАС ВИ ГО НАПИШАВ: ДЕКА ПРИ РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ ВО ПАСИВНИТЕ И НЕРАЗВИЕНИ ПЛАНИНСКИ НАСЕЛБИ МОРА ДА СЕ ЗЕМАТ ВО ПРЕДВИД СИТЕ ФАКТОРИ НА ЕДНО ЕКСТРЕМНО РУРАЛНО ЕКОНОМСКИ НЕРАЗВИЕНО, ПЛАНИНСКО ПОДРАЧЈЕ.  Вие тоа очигледно не го разбирате.

 

Доколку уште некои работи не ви се јасни , а треба да  ги објасниме , ве повикувам на еден од локалните медиуми ,па заедно  да се доодговора на поставените прашања. Или дојдете до Куратица  па пред селаните да  дообјасниме.

 

Со почит

Совет на МЗ Куратица

Претседател

Г. Ангелоски

------------------------------------------

                                                                                                            Куратица, 22 јули, 2010

Посети: 594 | Додадено од:: KURAJCA | Оценка: 0.0/0
Вкупно коментари: 0
Само регистрирани корисници можат да додадат коментар
[ Регистрација | Пријвисе ]




КАЛЕНДАР
«  ЈУЛИ 2010  »
непонвтосречетпетса
    123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

АРХИВА
ПРАШАЊА
Оценете ја нашата веб страна
Вкупно одговори: 85


ДРУГАРИ
СТАТИСТИКА

вкупно присутни 1
гости: 1
корисник: 0
 
kuratica© 2018