Месната заедница и официјално може да потврди дека Куратица наскоро ке добие Скилифт.
По денешните завршни разговори со сопственикот на скилифтот , договорено е купување на скилифтот . Скилифтот е во должина од 700м. Сега следува фаза на негово демонтирање и транспортирање за Македонија (Куратица). Времето за негова демонтажа најмногу зависи од временските услови (бидејки швајцарските алпи се веке под снег).
Со ова се остварува
сонот на Курајчани, да имаат скијачки центар , а воедно и Општина Охрид.