КУРАТИЦА
Главна | Регистрација | Пријвисе
 
ВТОРНИК, 25 ЈУНИ 2019, 04:24
ДОБРЕДОЈДЕ гостин | RSS


СРЕЌЕН РОДЕНДЕН :
Meine IP
 
МЕНИ
РЕГИСТРАЦИЈА
ПРЕБАРУВАЊЕ


Meine IP
Главна » 2010 » СЕПТЕМВРИ » 1 » ОБРАЌАЊЕ ДО ЈАВНОСТА (освежување на меморијата)
13:24
ОБРАЌАЊЕ ДО ЈАВНОСТА (освежување на меморијата)

Поттикнати од "силните” изјави на првите луѓе на партијата на власт ВМРО – ДПМНЕ и најголемата опозициска партија СДСМ на вчерашните прес конференции во стилот "М.М.М.Е ... кој прв почна” и кој од нив во изминатите 20 години повеќе придонесол за катастрофалните состојби во Охрид, јавно го искажуваме својот револт како граѓани на Општина Охрид. Во таа насока во голем дел се согласуваме со ставовите искажани во текстот "За Охрид се работит” и како месна заедница со неколку конкретни примери сакаме да им ја "освежиме” меморијата на оние кои во блиска или подалечна иднина себеси се гледаат како градоначалници или функционери во нашата општина.

Очигледно е дека раководните структури на двете политички партии сосема се  изолирани во некаков само за нив препознатлив свет кој што нема никакви допирни точки со реалноста на граѓаните чии што гласови утреден претендираат да ги освојуваат.

Господине Атанаско и Господине министре Димовски,  Ви се обраќаме на Вас затоа што пред се представувате политичка партија на власт во државата а од она што ќе го изложиме ќе видите дека голем број на наши проекти со години не се реализираат. (иначе зборот проект во вашите говори веќе е толку излитен што би требало одма да го исфрлите од употреба или треба да се замени со : ДОГОВОР ВО 4 ОЧИ ???). Пред да Ве запознаеме со вистински конкретни поднесени проекти за кои што не се потребни огромни финансиски средства  а се од ВИТАЛЕН ИНТЕРЕС И ЗНАЧЕЊЕ ЗА РУРАЛНИТЕ ЗАЕДНИЦИ, сакаме да Ве запрашаме дали Вие воопшто си ја познавате територијата на Општина Охрид..? Знаете ли Вие Господа каде се наоѓа селото Куратица? Завој? Опеница? Косел? Ливоишта? Речица? Да не набројувам понатаму??

Познат ли Ви е зборот РУРАЛЕН РАЗВОЈ??

Што се однесува на Вашите изјави за ГОООЛЕМИ ПРОЕКТИ сакаме да Ве информираме дека за овие рурални заедници ГОООЛЕМ  ПРОЕКТ представува ОБНОВА НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ТРАНСФОРМАТОРИ КОИ ШТО СЕ ПОСТАВЕНИ УШТЕ ВО Втората светска војна МИНАТИТ ВЕК, ГОООЛЕМ ПРОЕКТ представува ОБНОВА НА РАСПАДНАТАТА ВОДОВОДНА МРЕЖА ВО СЕЛАТА, ГОООЛЕМ ПРОЕКТ ПРЕДСТАВУВА ОБНОВАТА НА РАСПАДНАТИТЕ УЧИЛИШНИ И ДРУГИ СЕЛСКИ ОБЈЕКТИ ПО СЕЛАТА КОИ ШТО БИ МОЖЕЛЕ ДА СЕ КОРИСТАТ КАКО ЗА ЈАВНИ МАНИФЕСТАЦИИ И ПОТРЕБИ ТАКА И ЗА ТУРИСТИЧКИ ЦЕЛИ и да не набројуваме понатаму...

За Ваша информација и за информација на Охридската и поширока јавност како и за ИНФОРМАЦИЈА НА ВАШИТЕ НАЈВИСОКИ ПАРТИСКИ СТРУКТУРИ, на кои вие како функционери секогаш им пренесувате лажни информации за состојбите како со членството така и со граѓаните воопшто          , во продолжение ќе Ви наброиме само ЕДЕН ДЕЛ ОД ИЗРАБОТЕНИ И ПОДНЕСЕНИ ПРОЕКТИ ДО РАЗНИ ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ од страна на Месната заедница од Куратица. Некои од проектите се дури и одобрени и подпишани договори за реализација со министерства или агенции уште пред цела една година, меѓутоа Господа ДО ДЕН ДЕНЕС НЕ Е ПРЕФРЛЕН НИТУ ЕДЕН ДЕНАР ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА.

1.      Предлог проект Рашанец, Марково долче – Грмешница- Патека на војводата Аргир Маринчев – со кој што еднаш после 105 години треба да се обележи гробот и патеката на Војводата и на борбите од Рашанец 1903 година. Ако не знаете ништо за ова погледајте на: http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=1&pid=3&ppid=55&tid=1126  

Проектот е поднесен до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија на Јавен Повик, на 18 фебруари 2010 година. ДО ДЕН ДЕНЕС НЕМАМЕ НИТУ ИНФОРМАЦИЈА ЗА БИЛО КАКВА ОДЛУКА ИЛИ ИЗБОР.

2.      Проект: Водовод Слива – со кој што е предвидено да се изврши ИТНА САНАЦИЈА НА КАПТАЖИТЕ НА СЕЛСКИОТ ВОДОВОД И ЗАФАТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА СЕЛСКИОТ ВОДОВОД. Итноста произлегува Господине Атанаско од фактот што со секоја инспекција и утврдување на квалитетот на водата за пиење не само во селото Куратица туку и во останатите селски населби таа се забранува за пиење. (21 век..? )

3.      Проект: "Живот на 1100 метри” – кој што треба да обезбеди средства за РЕДОВНО НЕОПХОДНО ГОДИШНО ЧИСТЕЊЕ на селските патишта од вегетација, да се очистат селските канали заради опасност од поплави и да се уредат јавните селски чесми. Проект за кој што УШТЕ ВО ДЕКЕМВРИ 2009 ГОД. Е ПОДПИШАН ДОГОВОР ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА со Бирото за регионален развој во склоп на Министерството за локална самоуправа – И КОЈ ШТО ДО ДЕН ДЕНЕС НЕ Е ЗАПОЧНАТ СО РЕАЛИЗАЦИЈА, бидејки не е префлен НИТУ ЕДЕН ЕДИНСТВЕН ДЕНАР за проектните активности.

4.      Проект: За ЧИСТЕЊЕ НА ДИВИТЕ ДЕПОНИИ И РЕГУЛАЦИЈА НА РЕЧНИТЕ КОРИТА во атарот на селото Куратица и Речица, водотеци кои се дел од сливното подрачје на Охридското езеро, доставен до Министерството за животна средина и просторно планирање на Јавен Повик. На жалост Господине Атанаско, наместо да се одобрат вакви проекти на месни заедници и цели села, средствата во Охрид се доделија на НОВОФОРМИРАНИ ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ ОД ПРЕД ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ (чии се овие здруженија, кои добиваат проекти само после четири месеци од формирање??)

5.      Проект: Василичарски Карневал во селото Куратица – проект кој што УПОРНО ГО ПОДНЕСУВАМЕ ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА И ДРУГИ ИНСТИТУЦИИ СО ГОДИНИ НАНАЗАД – До ден денес НЕ СМЕ ДОБИЛЕ НИКАКВА ПОДДРШКА.

 

Има уште многу Господа, се работи за Заедница која што е витална, која што со векови опстојува дури и без вашата помош. Заедница КОЈА ВИЕ НЕ ЈА ПОЗНАВАТЕ ВООПШТО, Заедница која угостила голем број на функционери и пратеници КОИ ШТО ОД СЕТО ШТО БИЛО РАЗГОВАРАНО НЕ РЕАЛИЗИРАЛЕ  НИШТО. Заедница во која што живеат луѓе за кои што ЕВРОПА не е никаков баук и непознаница. Напротив, голем дел од овие луѓе дел од својот живот го поминале и сеуште го поминуваат во ТАА ЕВРОПА. Затоа немојте кога ќе разговарате со нив, Вие или Вашите млади европски кадри (кои што не знаат како функционира ниту една месна заедница), да им кажувате за Европа. Во таа Европа Господа скоро една третина од буџетите се трошат ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ И ИНФРАСТРУКТУРА. Со таков развој ГРАДОТ ЌЕ БИДЕ ГРАД  а селото толку неопходно на градот ке биде СЕЛО. Модерно, развиено, со свои вредности, традиции, обичаи, со еден збор  ЕВРОПСКО СЕЛО.

 

 

 

Со почит

 

Совет на МЗ Куратица

 

Горан Ангелоски

Предсетател

__________________

Посети: 1417 | Додадено од:: KURAJCA | Место: KURATICA | Оценка: 0.0/0
Вкупно коментари: 0
Само регистрирани корисници можат да додадат коментар
[ Регистрација | Пријвисе ]




КАЛЕНДАР
«  СЕПТЕМВРИ 2010  »
непонвтосречетпетса
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930

АРХИВА
ПРАШАЊА
Оценете ја нашата веб страна
Вкупно одговори: 85


ДРУГАРИ
СТАТИСТИКА

вкупно присутни 1
гости: 1
корисник: 0
 
kuratica© 2019