КУРАТИЦА
Главна | | Регистрација | Пријвисе
 
ЧЕТВРТОК, 28 МАРТ 2024, 20:00
ДОБРЕДОЈДЕ гостин | RSS


СРЕЌЕН РОДЕНДЕН :
Meine IP
 
МЕНИ
РЕГИСТРАЦИЈА
ПРЕБАРУВАЊЕ


Meine IP
Главна » 2010 » МАЈ » 18 » КНИГА ЗА КУРАТИЦА ПРВ ДЕЛ
22:40
КНИГА ЗА КУРАТИЦА ПРВ ДЕЛ

ПРИРОДНО-ГЕОГРАФСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

 

 

 

 

Географска положба и селско подрачје


Селото Куратица се наоѓа на 20 километри североисточно од Охрид или на 5 км. северно од патот Охрид — Ресен. Сместе-но е во пазувите на планинскиот масив Мазатар (Бајрак 1635 м) на надморска висина од 1080 метри. Селото е расположено во тесна карстна долина околу една суводолица која надојдува за време на посилни врнежи и прави штета врз домовите и нивје-то. Заради конфигурацијата на теренот селото има издолжен об-лик во насока северозапад — југоисток и спаѓа во селата со збиен тип на куќи, со мали дворишта. Се дели на три краеви: Горна Маала, Долна Маала и Средна Маала.

Во Долна Маала се наоѓа селската црква Св. Никола пред чиј влез е заедничката гробница на загинатите борци во Наро-дноослободителната војна од ова село. Во непосредна близина на црквата се наоѓаше Килимарницата изградена во текот на 1982 година, шго работи во состав на 33 „Рашанец" од Охрид.

Во Средна Маала се наоѓа селската чешма со спомен-плоча во чест на паднатите борци од НОВ, што се користи само за на-појување на добитокот бидејки селото се снабдува со вода за пиење преку водоводот изграден уште во 1962 година. Тука е Задружниот дом изграден во 1950 година, Основното училиште и две селскн продавници.

До селото се стигнува по асфалтен пат што претставува и единственага врска на Куратица со моторно возило, со остана-тите населби во општината Охрид и подалеку.

Селското подрачје на Куратица зафаќа површина од 2336Д хектари. Од север се граничи со подрачјата на Велмеј и Лешани, од запад со селските подрачја на Сирула и Расино, од југ со Опеница и од исток со Речица.

Синорот со околните села минува низ следните места: со Велмеј Никотинец, Крапчи Дол и Долги Рид, со Лешани Бак-лишта, Долни Вирој, Крива Бука, Висока Чука, Булајчки Гари-шта и Дено Вода, со Сирула Краста, Ишкојца, На Река, Прплец, Кутли и Кокошарник, со Расино Гумниште, Ореов Дол, Дебранка и Ванатино, со Опеница Делвнно, Сакој и Мар-ково Долче и со Речица Влашка Чешма, Мијалец, Медејнца, Дел Гумно и Маркој куќи.

Во овие рамки влегува селскиот имот на Куратица што се состои од 681,9 ха обработливи површини, 154,2 ха пасишта, 1273,6 ха шуми и 226,4 ха неплодно земјиште1).

 

 

Сообрајна поврзаност на селото

 

Единствената сообраќајна врска преку која може да се дојде до селото Куратица со возило е асфалтниот пат што кај Прентов Мост се издвојува од патот Охрид — Ресен, во дол-жина од 5 км. Овој пат за првпат е пробиен со ангажирање на работоспособното население од Куратица и од околните села за време на бугарската окупација во 1942 година, а пред тоа, са-монницијативно на отворањето на патот работел Косте Колески од Куратица. Патот е асфалтиран во 1980 година од страна на ГРО „Гранит'' — III градилиште од Охрид.

0 СРМ низ катастарската евиденција,  Скопје 1982


8


Во поглед на сообраќајната поврзаност селото нема неко-ја позначајна стратегиска положба, меѓутоа, во минатото, кога бил развиен караванскиот сообраќај, веројатно имало важна сообраќајна улога, со оглед на тоа што се наоѓало во близина на стариот карвански пат што преку Сирулски рид минувал се-верно од Куратица и преку Мазатар водел за Битола. Кај мес-ностите Трно Селиште и Игралишта имало анови каде што се одморале кираџиите. Тие анови веројатно ги лржеле Куратича-ни, што го покажува и податокот дека еден дел од родот Ко-товци носат презиме Анџијовци.

Посети: 975 | Додадено од:: KURAJCA | Оценка: 0.0/0
Вкупно коментари: 0
Само регистрирани корисници можат да додадат коментар
[ Регистрација | Пријвисе ]




КАЛЕНДАР
«  МАЈ 2010  »
непонвтосречетпетса
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031

АРХИВА
ПРАШАЊА
Оценете ја нашата веб страна
Вкупно одговори: 85


ДРУГАРИ
СТАТИСТИКА

вкупно присутни 1
гости: 1
корисник: 0
 
kuratica© 2024