КУРАТИЦА
Главна | | Регистрација | Пријвисе
 
ЧЕТВРТОК, 21 НОЕ. 2024, 16:00
ДОБРЕДОЈДЕ гостин | RSS


СРЕЌЕН РОДЕНДЕН :
Meine IP
 
МЕНИ
РЕГИСТРАЦИЈА
ПРЕБАРУВАЊЕ


Meine IP
Главна » 2010 » ЈУЛИ » 26 » МАТЕМАТИКИТЕ НА ЕДЕН АЛЧЕ(Н)
08:29
МАТЕМАТИКИТЕ НА ЕДЕН АЛЧЕ(Н)

МАТЕМАТИКАТА НА ЕДЕН  АЛЧЕ(Н)

 

Вака гласи насловот на последното обраќање на Алче(н) на страниците на охридњус:

М.З. Куратица да ги чита законите

И секако, бидејки ние не сме мрзливи луѓе што работат со туѓи пари и крчмат имот на сите граѓани на Општина Охрид, го отворивме линкот на ЈП Охридски Комуналец, кој ни го посочува Г-динот алче(н), а кој што БИ ТРЕБАЛО ЗАКОНСКИ ДА НЕ ПРОСВЕТЛИ. И...? што ќе видиме таму?? Истото она што со денови во недостаток на аргументи ни го повторува г-динот по електронските медиуми. 

Кога веке сме кај Закони, искрено речено во најмала рака е ВУЛГАРНО човек што стопанисува со илегална депонија за обавување на својата дејност, НАС ДА НЕ ПОСОЧУВА КАКО КРШИТЕЛИ НА ЗАКОНСКИ ПАРАГРАФИ. Депонија која што на овој рурален крај еден од најпошумените и најубави предели, најбогати екосистеми со животински и растителен свет му нанесува огромни еколошки штети.

Од друга страна, човек кој се повикува на ЗАКОН би требало да знае дека во атарот на селото Куратица (како и насекаде во РМ), Е КРИВИЧНО  ДЕЛО ТЕСТИРАЊЕ НА РАЗЛИЧНИ ОГНЕНИ ОРУЖЈА и ДЕКА НАШИТЕ ОКОЛНИ ШУМИ И ВИСОРАМНИНИ НЕ СЕ ВОЕН ПОЛИГОН за изживување на сопствени фрустрации. ПОЗНАТ  ВИ Е ОВОЈ ЗАКОН г-дине??.  Толку за тоа (за сега!!!).

Најболната страна во "ИЗЖИВУВАЊЕТО” на г-динот алче(н) е фактот кој што тој никако не успева да го разбере а тоа е дека НЕ МОЖЕ ДА СЕ НАПЛАЌА ПО НИТУ ЕДЕН ЗАКОН НЕШТО ЗА ШТО ГРАЃАНИНОТ НЕ ДОБИВА УСЛУГА. Уште попоразувачки е тоа што тој си дозволува да ги изедначува тарифите за наплата на надомест помеѓу еден БОГАТ СОПСТВЕНИК НА ВИКЕНД СТАН ВО ОХРИД и СОПСТВЕНИЦИТЕ НА СТАРИТЕ  СЕМЕЈНИ КАМЕНИ КУЌИ ВО СЕЛОТО КУРАТИЦА кои секој слободен ден и викенд доаѓаат, обавуваат различни дејности и живеат во селото.

 

Само за илустрација: ОВИЕ ЖИТЕЛИ НА СЕЛОТО г-динот алче(н), ГИ ИЗЕДНАЧУВА СО ПОСЕДНИЦИТЕ НА ЛУКСУЗНИ ВИКЕНД СТАНОВИ ВО ОХРИД ПА ЗАТОА ГОДИШНИТЕ ПАУШАЛИ ЗА КОМУНАЛЕН НАДОМЕСТ ГИ ИЗЕДНАЧИЛ – 1995 (со зборови илјадаидеветстотинидеведесет и пет денари) ДЕНАРИ ЗА 90 ТАКВИ ДОМАЌИНСТВА ВО КУРАТИЦА. Во прилог доставуваме фотокопија од една таква сметка за да се увери јавноста во Општина Охрид и пошироко. Само по тој основ од селото и од селските домаќинства годишно треба во касата на г-динот алче(н) да се одлеат 179550 денари или околу 3000 евра. Пари за кои што СЕКОЈА ГОДИНА СОВЕТОТ НА МЕСНАТА ЗАЕДНИЦА И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНАТА ВЛОЖУВААТ 

 

ОГРОМНИ НАПОРИ ОД РАЗНИ ДОНАТОРИ, ИНСТИТУЦИИ ИЛИ ДРУГИ ИЗВОРИ ДА СЕ ИНВЕСТИРААТ ВО СЕЛОТО А НЕ ДА СЕ ОДЛЕАТ.

НЕ МОЖЕ Г-ДИНЕ АЛЧЕ(Н)!! НЕ  МОЖЕ !  NO  PASARAN! Ние знаеме дека сте навикнале пред вас да ги подвиваат кичмите, ама мораме да Ве информираме дека ОВА СЕЛО ОПСТОЈУВА ВЕКОВИ САМО ЗАРАДИ ТОА ШТО ТАКВОТО ВИТКАЊЕ НА КИЧМАТА НЕ ИМ Е СВОЈСТВЕНО НА ОВИЕ ЛУЃЕ.

И наместо со една сеопфатна стратегија за развој и опстојување на овие рурални, пасивни и неразвиени краеви да СЕ СТИМУЛИРА ПА ДУРИ И ФИНАНСИСКИ ДА СЕ ПОМАГА РАЗВОЈОТ И ОПСТОЈУВАЊЕТО НА ЖИТЕЛИТЕ, како што тоа неколку години наназад го прават со заедничка соработка месната заедница со Градоначалникот на Општина Охрид и други институции,  ВАКВИ КАКО ВАС СЕ ПРЕЧКА ВО ТОЈ ПРОЦЕС. НЕМА  МОДЕРЕН ГРАД И ДРЖАВА БЕЗ РАЗВИЕНО СЕЛО г-дине? ГЛЕДАТЕ ЛИ БАРЕМ НЕШТО НА ВАШИТЕ ПАТУВАЊА ПО ЕВРОПА И СВЕТОТ??

Познато е ова село пошироко и подалеку од Вас, Вашата функција и Вашето име г-дине.

Загрижува секако во моментов ЗОШТО НЕМА НИКАКВА РЕАКЦИЈА НА ОВОЈ СЛУЧАЈ ОД НИТУ ЕДЕН ГРАЃАНСКИ ИЛИ ПОЛИТИЧКИ ФАКТОР ВО ОХРИД?? И вие, секако охрабрени од овој молк продолжувате да се однесувате така како што сте навикнале.

КАДЕ СЕ СОВЕТНИЦИТЕ ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД?? КАДЕ Е СДСМ?? КАДЕ Е ВМРО-ДПМНЕ?? За што мислат нивните раководства да се произнесуваат ако не ЗА ИНТЕРЕСИТЕ НА СВОИТЕ ГРАЃАНИ??

Советот на Месната заедница од село Куратица, за овој проблем ќе ги информира СИТЕ ПОЛИТИЧКИ И ГРАЃАНСКИ СУБЈЕКТИ (па дури и лидерите на овие политички партии Г-динот Црвенковски, Премиерот на РМ г-динот Груевски и Председателот на Советот на Општина Охрид), и ќе бара на Седница на Советот да се отвори расправа за Вашиот однос.


овие Куќи се исти како во Куратица

 


Оваа куќа е иста како во центарот на Охрид, и има исти давачки.


Совет на МЗ Куратица

Претседател:

Г. Ангелоски

---------------------------------                                               Понеделник 26 јули, 2010

Посети: 1413 | Додадено од:: KURAJCA | Оценка: 0.0/0
Вкупно коментари: 0
Само регистрирани корисници можат да додадат коментар
[ Регистрација | Пријвисе ]




КАЛЕНДАР
«  ЈУЛИ 2010  »
непонвтосречетпетса
    123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

АРХИВА
ПРАШАЊА
Оценете ја нашата веб страна
Вкупно одговори: 85


ДРУГАРИ
СТАТИСТИКА

вкупно присутни 1
гости: 1
корисник: 0
 
kuratica© 2024